← Events · · 1 min read

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција

ВЕЗИЛКА е националната фабрика за вештачка интелигенција во Северна Македонија, воспоставена во рамките на Европската заедница за пресметување со високи перформанси (EuroHPC JU – European High Performance Computing Joint Undertaking) и ко-финансирана од Европската унија преку програмата Horizon Europe. Проектот го координира Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (УКИМ), во соработка со Министерството за дигитална трансформација.

Преку стратешкото партнерство со AI Фабриката Pharos во Грција, ВЕЗИЛКА ја вклучува Северна Македонија во европскиот екосистем за вештачка интелигенција и придонесува кон европската визија за доверлива, иновативна и вештачка интелигенција со човекот во центарот.

Во време кога вештачката интелигенција ги преобликува економиите, јавните услуги и општествата ширум светот, застапеноста на помалите јазици и локалните знаења стана стратешки приоритет. ВЕЗИЛКА одговара на овој предизвик преку развој на збирки податоци на македонски јазик, отворени ресурси и одговорни практики за вештачка интелигенција кои поддржуваат иновации и ги одразуваат националните вредности.

Оваа иницијатива претставува важен чекор кон зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Исто така, има за цел да ја зајакне соработката меѓу јавните институции, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

📅 Информации за настанот

Датум: 24 јуни 2026 година
Час: 12:00 часот
Место: Хотел „Александар Палас”, Скопје


🗓️ Програма

11:30 – 12:00 Регистрација на гости, вмрежување и посета на изложбената зона

12:00 – 12:30 Поздравни обраќања:

  • Ректор проф. д-р Билјана Ангелова и Декан проф. Петре Ламески
  • Н.Е. Михалис Рокас, Амбасадор на Европската унија
  • Н.Е. Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформација
  • Н.Е. Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија

12:30 – 12:50 Претставување на ВЕЗИЛКА: Визија, цели и очекувано влијание

  • проф. д-р Димитар Трајанов, Раководител на проектот

12:50 – 13:30 Панел-разговор: Вештачката интелигенција како мотор за економски развој

13:30 – 13:40 Завршни зборови

13:40 – 14:10 Коктел и вмрежување

 

🏛️ Дигитална иновативна изложба

Пред официјалната програма, гостите ќе имаат можност да ја посетат интерактивната изложбена зона:

  • 🏥 ВИ во здравството – практични примени на вештачката интелигенција во здравствени услуги, аналитика и поддршка при одлучување
  • 📊 Отворени податоци и јавни услуги – иницијативи за транспарентност, отворени податоци и дигитални услуги ориентирани кон граѓаните
  • 💡 Европски дигитален иновациски хаб (EDIH) – можности, проекти и механизми за поддршка за институции, компании и иноватори
  • 🧵 Донирај дигитална содржина – придонеси кон дигитализацијата на македонскиот јазик и култура на doniraj.vezilka.ai

✍️ Регистрирај се

Регистрирајте се за настанот преку формата на следниов ЛИНК. Присуството е бесплатно, но потребна е претходна пријава.