Везилка работилница на ICT Innovations 2026

На 27.09.2026, во рамки на конференцијата ICT Innovations беше одржана ВЕЗИЛКА работилница. На работилницата беа претставени резултатите од досегашната работа, дел од кои ги издвојуваме во прилог.

Беше претставен првиот верификуван бенчмарк за OCR на македонски архивски документи. Тој опфаќа 100 страници од 56 документи, со 98,8% согласност меѓу тројца анотатори.

Прикажан беше и токенизатор за македонски јазик. Неговата нова верзија ја подобри F1-мерката од 0,845 на 0,907 без да наруши ниту еден претходно точен збор.

Беше претставен и процесот за изработка на едукативни содржини со помош на вештачка интелигенција и човечка контрола, преку кој се создадени 3 бесплатни курсеви со 9 сесии и 1 250 слајдови.

Паралелно, платформата doniraj.vezilka.ai досега собра придонеси од 741+ луѓе: 71 377+ донирани страници текст, 683+ документи, 4 049+ гласовни снимки и 104 078+ прочитани зборови.

По презентациите беше одржана отворена дискусија на која беа разменети идеи и договорени следните чекори и соработките помеѓу тимовите.