← Новости · · 1 мин. читање

Работилница на ВЕЗИЛКА на ICT Innovations 2026

На 27 септември 2026 год., во рамки на конференцијата ICT Innovations беше одржана работилница од проектот ВЕЗИЛКА каде беа претставени резултатите од досегашната работа, дел од кои ги издвојуваме во прилог.

Беше претставен first verified benchmark for optical character recognition (OCR) на македонски архивски документи. Во него се вклучени 100 страници од вкупно 56 документи, со 98,8% согласност меѓу тројца означувачи на податоците. Беше прикажан и подобрен токенизатор за македонски јазик. ​

Исто така, беше објаснет и процесот за изработка на едукативни содржини со помош на вештачка интелигенција и човечка контрола, преку кој се создадени 3 бесплатни курсeви. ​

Паралелно, над 740 луѓе досега имаат дадено придонес на платформата https://doniraj.vezilka.ai. Истите имаат донирано над 71 300 страници текст, над 680 документи, над 4 000 гласовни снимки​ и 104 000 прочитани зборови.

По презентациите беше одржана отворена дискусија на која беа разменети идеи како и детали за следните чекори и соработката помеѓу тимовите.