Модели и податоци

Отворен код · Hugging Face

Модели и податоци

Достапна ВИ за македонскиот јазик

ВЕЗИЛКА развива отворени модели за вештачка интелигенција и податочни множества за македонскиот јазик и ги објавува на Hugging Face, бесплатно за истражувачи, компании, јавни институции и студенти да ги преземат, тестираат и надградуваат.

Сите модели ↗Сите податочни множества ↗

from transformers import pipeline asr = pipeline( "automatic-speech-recognition", model="vezilka-ai/vezilka-moonshine-base-mk",)asr("lecture.wav")# → Macedonian text

Јазик

македонски

Каде

Hugging Face

Области

текст и говор

Пристап

бесплатен

Јазични модели

Големи јазични модели за македонски јазик

Модели обучени да разбираат и генерираат текст на македонски јазик.

01

VezilkaLLM

Основен модел

Јазичен модел со 4 милијарди параметри, обучен за македонски јазик, изграден врз Gemma 3 4B. Прв модел од серијата VEZILKA LLM.

Погледни на Hugging Face ↗

02

VezilkaLLM-Instruct

Instruction-tuned

Верзија на VezilkaLLM што следи инструкции, за одговарање на прашања и извршување задачи на македонски јазик.

Погледни на Hugging Face ↗

03

Macedonian Gemma 4 E4B

Instruction-tuned

Gemma 4 E4B прилагоден за македонски јазик, достапен како претрениран модел и како модел обучен да следи инструкции.

Погледни на Hugging Face ↗

04

Llama 3.2 1B · Macedonian

Компактен

Мал модел со продолжено претренирање на македонски текст, погоден за експерименти на поскромен хардвер.

Погледни на Hugging Face ↗

Говор

Препознавање и синтеза на говор

Модели што македонски говор го претвораат во текст, а текст во говор.

05

Whisper Large V3 Turbo · Macedonian

од говор во текст

Whisper прилагоден за македонски и евалуиран на вистински универзитетски предавања.

Погледни на Hugging Face ↗

06

Moonshine Base · Macedonian

од говор во текст

Мал модел (61,5 милиони параметри) за брзо препознавање македонски говор на секојдневни уреди.

Погледни на Hugging Face ↗

07

OmniVoice · Macedonian

од текст во говор

OmniVoice дотрениран да генерира природен македонски говор од текст.

Погледни на Hugging Face ↗

08

Moonshine Tiny · Macedonian

од говор во текст

Мал модел (27 милиони параметри) за препознавање македонски говор на телефони и уреди со мала моќност.

Погледни на Hugging Face ↗

Податочни множества

Отворени податочни множества

Податоци што ги собираме и објавуваме за секој да може да тренира и евалуира ВИ за македонски јазик.

09

Говор · Транскрибиран

Збирка македонски говор

Македонски говор со транскрипти за тренирање и тестирање препознавање говор, собран од повеќе извори:

Универзитетски предавањаСобраниски седнициДијалектни снимкиДониран говорРеферентни снимки од предавања

Погледни на Hugging Face ↗

Ова се избрани модели. Целата колекција на Hugging Face се ажурира со секој нов модел. На страницата на секој модел се наведени лиценцата, начинот на обука и како се користи.

Соработувајте со нас

Сакате да ги користите овие модели во вашата организација?

ВЕЗИЛКА им помага на малите и средните претпријатија, стартапите, јавните институции и истражувачите да тестираат и воведат вештачка интелигенција од почетна идеја до пилот-решение.

Контактирајте нèНашите услуги