ВЕЗИЛКА носи обуки за ВИ до наставниците
На 26 август 2026 година, во ООУ „Владо Тасевски“ во Скопје, се одржа обука на тема вештачка интелигенција во основното образование наменета за наставниот кадар, со цел да се прикаже улогата на ВИ во образованието. Обуката ја одржа проф. д-р Ѓорѓи Маџаров, а беше претставена во рамки на активностите на ВЕЗИЛКА.
Во текот на обуката, учесниците се запознаа со генеративната ВИ, нејзините можности и ограничувања, одговорната употреба и изборот на ВИ-алатки што можат вистински да им помогнат во работата. Преку практични примери и дискусии, наставниците имаа можност да разгледаат како ВИ може да им помогне во секојдневните задачи, подготовката на наставни материјали и други аспекти од наставата, притоа имајќи ја предвид важноста на одговорната и соодветна употреба.
Активности како оваа обука се дел од пошироките заложби на ВЕЗИЛКА да ги направи знаењата и практичните вештини за ВИ подостапни во општеството, поддржувајќи ги едукаторите и другите професионалци во услови кога вештачката интелигенција станува сè поприсутна во нивната секојдневна работа.