← Новости · · 1 мин. читање

ВЕЗИЛКА на ICT Innovations 2026

На 27 септември 2026 год., ВЕЗИЛКА ќе учествува на 18. Меѓународна конференција ICT Innovations 2026 во Струга со сопствена работилница посветена на развојот на ВИ-технологии за македонскиот јазик. 

Работилницата „ВЕЗИЛКА и македонска ВИ: јазични модели, технологии и примени“ ќе ги претстави различните делови од процесот на развој на вештачка интелигенција за македонскиот јазик: од собирање и обработка на податоци, до развој и примена на јазични модели и практични апликации базирани на ВИ.

Учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за работата на ВЕЗИЛКА во областа на препознавање говор, јазични податоци, OCR, јазични модели и локална инфраструктура за ВИ, како и за практични примени, меѓу кои и ВИ во образованието. Сите овие активности придонесуваат кон пошироката цел на ВЕЗИЛКА за зајакнување на националните капацитети за ВИ и поддршка на развојот на ВИ-технологиите за македонскиот јазик. 

Работилницата ќе се одржи во недела, 27 септември 2026 година, од 10:00 до 12:45 часот, во Салата Пијано во Хотел Дрим, Струга. Повеќе информации за програмата на ICT Innovations 2026 се достапни на: https://ictinnovations.org/programme.