ВЕЗИЛКА ја најавува третата бесплатна сесија „Етика во ВИ“
На 30 октомври 2026 година, ВЕЗИЛКА ќе ја одржи третата и последна сесија од курсот „Писменост за ВИ за сите“ насловен „Етика во ВИ“, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), УКИМ, во Скопје. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 13:00 часотсо можност за присуство во живо Малиот амфитеатар на ФИНКИ или онлајна ќе биде посветена на етичките предизвици што ги носи вештачката интелигенција и на начините за нејзино безбедно, одговорно и свесно користење, со разбирање на нејзините ограничувања.
Предавачи на сесијата се проф. д-р Катерина Здравкова и ас. м-р Ана Тодоровска, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со важни прашања поврзани со одговорната употреба на генеративната ВИ, меѓу кои приватноста и заштитата на личните податоци, пристрасноста и дискриминацијата, дезинформациите, авторските права и човечката одговорност. Преку реални етички дилеми, практични вежби и интерактивни дискусии, учесниците ќе истражуваат зошто одговорите на ВИ понекогаш можат да звучат убедливо, а сепак да бидат неточни, зошто човечкото расудување останува неопходно и како да донесуваат поинформирани одлуки при користењето на ВИ во секојдневниот и професионалниот живот.
Како продолжение на претходните сесии, „Вовед во ВИ“ и „ВИ-алатки“, оваа завршна обука ќе им помогне на учесниците да направат чекор понатаму: од запознавање со вештачката интелигенција и нејзините можности кон препознавање на потенцијалните ризици и нејзина одговорна примена. Учеството е бесплатно и не е потребно претходно техничко знаење. Сите заинтересирани можат да се пријават на train.vezilka.ai и да ја следат обуката во живо или онлајн.