← Новости · · 2 мин. читање

ВЕЗИЛКА ги поддржува македонските ученици на ЕОВИ 2026

Учениците од Северна Македонија постигнаа извонреден резултат на првата Европската олимпијада по вештачка интелигенција (ЕОВИ 2026), која се одржа од 14 до 19 јули 2026 год. во Клуж-Напока, Романија. На овој меѓународен натпревар учествуваа речиси 90 избрани средношколци од 23 европски земји, како и гостински тимови од земји надвор од Европа.

Македонскиот тим, чии подготовки беа поддржани од ВЕЗИЛКА во соработка со Сојузот на информатичари на Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), го сочинуваа Благој Рујаноски Стојановски, Тодор Пљаков, Андреј Ангелов‎​ и Анастасија Пецевска, а предводен од м-р Владислав Бидиков​ и м-р Димитар Милески. Преку интензивни подготовки во областа на вештачката интелигенција, алгоритмите и машинското учење, учениците ги развија знаењата, практичните вештини и способностите за решавање проблеми потребни за успешно натпреварување на едно од најпрестижните европски натпреварувања во областа на вештачката интелигенција, што ја одразува посветеноста на ВЕЗИЛКА кон развојот на младите таленти во оваа област. Северна Македонија се врати од Олимпијадата со три бронзени медали, освоени од Благој Рујаноски Стојановски, Тодор Пљаков и Андреј Ангелов, потврдувајќи ја вредноста на континуираната поддршка на образованието во областа на вештачката интелигенција.

Успехот на македонскиот тим е повеќе од натпреварувачки резултат; тоа е потсетник за она што може да се постигне кога на талентираните ученици им се дава можност да учат, да се натпреваруваат и да се истакнат. Поддржувајќи ја едукацијата за ВИ и развојот на таленти, ВЕЗИЛКА придонесува кон создавање на новата генерација истражувачи, инженери и иноватори кои ќе ја обликуваат иднината на Северна Македонија во сферата на вештачката интелигенција.