ВЕЗИЛКА на 10. Форум за напредни технологии
На 16 септември 2026 год., ВЕЗИЛКА учествуваше на 10. Форум за напредни технологии во Научно-технолошкиот парк Ниш, настан посветен на вештачката интелигенција, дигиталната трансформација и иднината на индустрија за ВИ. Во рамки на програмата проф. д-р Игор Мишковски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), УКИМ, ја претстави ВЕЗИЛКА на панелот „AI Factories and EDIHs: Reducing the Risk of Innovation“.
Во фокусот на дискусијата беше улогата на ВЕЗИЛКА како македонска Фабрика за ВИ и начинот на кој може да ги поврзе компаниите, истражувачите и институциите во Северна Македонија со поширокиот европски ВИ-екосистем. Преку ова, ВЕЗИЛКА може да им помогне на организациите што сакаат да ги истражат можностите со ВИ да преминат од почетна идеја кон пристап до напредна инфраструктура, експертиза и пресметувачки ресурси достапни преку европската мрежа на Фабрики за ВИ и европските дигитални иновациски хабови.
Една од клучните теми беше потребата овој пат да стане појасен и полесно достапен, особено за малите и средните претпријатија и организациите од Западен Балкан. Како национална точка за поврзување, ВЕЗИЛКА може да помогне во намалување на трошоците и неизвесноста при експериментирањето со ВИ и да им овозможи на локалните организации полесно да тестираат идеи, развиваат решенија и преминат кон нивна практична примена.