Нашите цели

Мисијата на ВЕЗИЛКА е да го забрза прифаќањето на доверлива, етичка и одговорна вештачка интелигенција преку конкретни, применливи решенија, а со тоа и да ја позиционира Северна Македонија како регионален центар за применета вештачка интелигенција, како составен дел од европската истражувачка мрежа.

Стратешки цели

1

Зајакнување на националниот екосистем за ВИ

Поддршка на развој на решенија за вештачĸа интелигенција низ петте стратешки сектори: здравство, енергетика, култура и јазик, земјоделство и дигиталната трансформација на јавниот сектор.

2

Обезбедување услуги базирани на ВИ

Испорака на експертски, советодавни услуги базирани на вештачка интелигенција прилагодени за стартапи, мали и средни претпријатија и институции од јавниот сектор.

3

Развој и задржување на кадар за ВИ

Градење одржлив извор на кадар за вештачка интелигенција преку образование, практична обука и нивно вклучување во реални проекти со национално значење.

4

Поддршка на националната политика за ВИ

Помош за владата во креирањето стратегии, политики и закони со примена на вештачка интелигенција усогласени со Законот за вештачка интелигенција на ЕУ (EU AI Act) и Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR), придонесувајќи за доверлива вештачка интелигенција во јавниот сектор.

Како изгледа успехот

Успешнато спроведување на ВЕЗИЛКА ќе обезбеди мерливи резултати за националниот екосистем за вештачка интелигенција:

  • Национално интегриран екосистем за иновации во областа на вештачката интелигенција, со активно учество на академската заедница, индустријата и јавната администрација.
  • Редовна употреба на услуги за вештачка интелигенција од страна на национални стартапи, МСП и институции од јавниот сектор во клучните области.
  • Одржлив систем за развој на кадри за вештачка интелигенција преку обука на сите нивоа — од основна писменост за ВИ до напредно усовршување на истражувачите.
  • Функционална интеграција во екосистемите на EuroHPC и Фарос, со учество во заеднички активности, алатки и податочни множества, како и соработка со партнерските Антени во Србија и Кипар.
  • Конкретен придонес кон националните политики за вештачка интелигенција и законодавните процеси поврзани со вештачката интелигенција.

Петте стратешки сектори

ВЕЗИЛКА создава внимателно одбрани екосистеми — секоја со пристап до специјализирани податочни множества, однапред изградени модели, прилагодени работни процеси и напредни алатки за да го забрза напредокот во:

Здравство

Развој на модели за вештачка интелигенција за поддршка на медицинската дијагностика, оптимизација на болничките процеси и предвидување на можните предизвици во работењето, со што се подобрува квалитетот на негата и се овозможува персонализирана, превентивна медицина.

Енергетика

Градење модели кои ја зголемуваат стабилноста на електричната мрежа, т. е. преку високопрецизно прогнозирање на производството на енергија од сонце и ветер и интелигентно предвидување на побарувачката за поефикасно управување со енергетските ресурси.

Култура и јазик

Системско создавање и усовршување на корпуси на македонски јазик за развој на фундаментален голем јазичен модел (ГЈМ) за македонскиот јазик кој ќе ги опфати нашата традиција, култура, историја и законодавство, истовремено одговорајќи на предизвиците што произлегуваат од ограничените ресурси за македонскиот јазик.

Јавна администрација

Користење на вештачката интелигенција за автоматизација и подобрување на јавните услуги од издавање уверенија, обработĸа на барања и информирање на граѓаните преĸу интелигентни асистенти до зголемување на транспарентноста и ефиĸасноста во управувањето со јавните ресурси, вĸлучувајќи ги јавните финансии и јавните набавĸи.

Земјоделство

Унапредување на паметното земјоделство преĸу исĸористување на податоци за ĸлимата, почвата и приносите, со цел обезбедување навремени препораĸи за садење, наводнување и заштита од штетници — зголемувајќи ги продуĸтивноста и одржливоста, со особено внимание на малите парцели кои се карактеристични за маĸедонсĸото земјоделство.

Нашата долгорочна визија

Нашето најпосакувано сценарио е ВЕЗИЛКА да прерасне од проект финансиран од ЕУ во самоодржлив национален центар за вештачка интелигенција кој природно ги обединува академската заедница, индустријата, стартапите и институциите, препознаен како дел од европската мрежа на Фабрики за вештачка интелигенција, со сопствени истражувања, модели и ресурси кои придонесуваат на регионално и европско ниво. Пред сè, наш најголем успех би бил да ја задржиме и инспирираме младата генерација на талентирани инженери, истражувачи и иноватори да ја градат својата иднина во Македонија.