ВЕЗИЛКА е коорганизатор на работилница по повод Денот на македонскиот јазик
На 5 мај, по повод Денот на македонскиот јазик на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство коорганизиравме работилница посветена на иднината на македонскиот јазик во ерата на вештачката интелигенција и дигиталната трансформација.
Настанот ги собра претставниците од Македонската академија на науките и уметностите, Министерството за дигитална трансформација, професори, македонисти, лингвисти, истражувачи и студенти — создавајќи простор за значајна интердисциплинарна дискусија за улогата на македонскиот јазик во современите технологии од вештачката интелигенција.
Преку заедничка дискусија, ги истраживме клучните предизвици и можности: дигитализацијата на македонскиот јазик, неговата репрезентација во јазичните модели и потребата од тесна соработка меѓу техничките и општествените науки.
Работилницата беше отворена со обраќање на проф. д-р Петре Ламески, декан на ФИНКИ.
По ова следуваа инспиративни говори од:
🔹 Проф. д-р Симона Груевска-Маџоска — за македонскиот јазик и новите технологии
🔹 Проф. д-р Димитар Трајанов за проектот ВЕЗИЛКА и развојот на големи јазични модели (ГЈМ) за македонскиот јазик
🔹 Доц. д-р Николче Мицкоски — за јазичните ресурси и корпуси за македонскиот јазик

💫 Огромна благодарност до сите учесници за инспиративните разговори, идеите и поддршката во градењето на оваа заедничка визија.