← Новости · · 2 мин. читање

ВЕЗИЛКА на Дигиталниот самит на Западен Балкан 2026

На 13 октомври 2026 год., проф. д-р Боро Јакимовски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), УКИМ, ја претстави ВЕЗИЛКА на 8. Дигитален самит на Западен Балкан in Херцег Нови, Црна Гора на кој учествуваа претставници на влади, европски институции, технолошки експерти и претставници на индустријата и кои разговараа за дигиталната трансформација и регионалната соработка. 

Во рамки на програмата, проф. Јакимовски учествуваше на панел-дискусијата „ВИ: Можности, предизвици и идни перспективи“ посветена на развојот на вештачката интелигенција, нејзината сè поголема улога и влијанието врз иновациите, индустријата и општеството.

Дискусијата беше можност да се претстави улогата на ВЕЗИЛКА како македонска Фабрика за ВИ како и нејзиниот придонес во приближувањето на вештачката интелигенција до компаниите, истражувачите, стартапите и јавните институции. Преку поврзување на домашните организации со поширокиот европски екосистем за ВИ, ВЕЗИЛКА настојува да го олесни развојот и примената на вештачката интелигенција, овозможувајќи пристап до напредни пресметковни ресурси, стручна поддршка, обуки и експертиза. 

На самитот беше нагласено и значењето на регионалната соработка за побрза дигитална трансформација на Западен Балкан, особено во период кога вештачката интелигенција отвора нови можности за иновации, економски развој и подобрување на јавните услуги. За ВЕЗИЛКА, учеството на вакви настани е можност за зајакнување на соработката со регионалните и европските партнери, размена на знаења и искуства и разгледување нови начини за поддршка на развојот и примената на ВИ во Северна Македонија.