ВЕЗИЛКА на CIIT 2026
Со задоволство споделуваме дел од атмосферата од работилницата ВЕЗИЛКА, одржана како дел од конференцијата CIIT 2026, која се одржа од 24 до 26 април во Хотел Дрим, Струга.
Настанот беше одлична можност да ги претставиме визијата и целите на проектот, да се разменат идеи и да се воспостават нови соработки. Особено ни беше драго што имавме можност да угостиме студенти, истражувачи и професионалци од различни области, со кои разговаравме за иднината на вештачката интелигенција, HPC технологиите и интердисциплинарната соработка во нашата земја.
✨ Нашата визија: “Иднина во која не само што ја користиме вештачката интелигенција, туку ја создаваме, ја обликуваме и го предводиме нејзиниот развој — за следните генерации да можат похрабро да сонуваат и да ја градат својата иднина дома.“
Под слоганот „Приклучи се кон везот на иднината“, продолжуваме да градиме заедница на истражувачи, студенти и ентузијасти посветени на развојот на иновативни решенија за вештачка интелигенција и HPC технологиите.
