← Новости · · 1 мин. читање

ВЕЗИЛКА се поврзува со Eрменската AI заедница

Проф. д-р Анастас Мишев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Универзитет „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, одржа семинар во организација на Институтот за информатика и проблеми на автоматизацијата при Националната академија на науки на Република Ерменија (IIAP NAS RA) во Ереван, посветен на унапредувањето на регионалната соработка во областа на вештачката интелигенција и иновациите.

Проф. Мишев одржа инспиративна презентација насловена „ВЕЗИЛКА: AI Factory Antenna во Северна Македонија како клучен фактор во иновацискиот екосистем," во која ја истакна стратешката улога на AI инфраструктурата во забрзувањето на истражувањата, трансферот на технологии и иновацискиот капацитет во регионот.

По семинарот следуваа продуктивни дискусии меѓу тимовите за можностите за идна соработка. Преку комбинирање на комплементарна експертиза и зајакнување на институционалните партнерства, ВЕЗИЛКА се стреми да придонесе кон развој на поврзан регионален AI екосистем.